По повод 23 ипол години од творештвото на Мирослав Масин денеска ќе биде промовирано ексклузивното издание на монографијата „Подобро на гранка, одошто заглавен во лифт“ – групна изложба на Масин.
Монографијата е печатена на 130 страници, а е во издание на Младинскиот културен центар.
На промоцијата ќе настапат Јовица Ивановски, Игор Исаковски, Драге Филевски од Битола и Русе Арсов од МКЦ.
Со промоцијата на монографијата ќе биде најавена и изложбата на Масин насловена „Enchante“, што ќе биде отворена на 15 октомври во МКЦ.