Во Музејот на современата уметност, вечерва ќе биде отворена изложбата Градина на бои – Допри ја уметноста, на која ќе се презентираат дела на деца на возраст од 4 до 10 години.
Проектот е резултат на соработката помеѓу Музејот на современата уметност – Оддел за едукација и Македонско Монтесори Здружение.
Делата се создадени во рамки на 11 едукативно-креативни работницилници одржани во период од 16 до 25 јули годинава при што инспирација на децата им беа дела на познатите светки уметници Да Винчи, Ван Гог, Пол Кле Дега и Моне.
Преку петте работилници во НУ МСУ, учесниците во проектот имаа можност да се запознаат со делата на Пикасо, Енрико Бај, Личеноски, Мартиноски и Узуновски и создадоа сопствени дела изразувајќи ја својата креативност.
Со проектот се опфатени педесетина деца кои создадоа дела изработени во повеќе ликовни техники.