Британскиот премиер Дејвид Камерон не исклучи можност за прима на воена сила врз екстремистичката група Исламска држава во Сирија, изјави денеска негов портпарол откако британскиот министер за надворешни работи рече дека Британија таму нема да извршува никакви воздушни удари.
– Што се однесува до воздушните удари, прмеиерот ништо не исклучи и тоа е негов став, изјави портпаролот на Камерон.
Шефот на британската дипломатија Филип Хамонд изјави дека за тоа веќе е расправано во британскиот парламент минатата година и тоа прашање нема повторно да се покренува.
Сириската опозициска Национална коалиција изрази подготвеност со САД да се бори против милитантните активности на Исламска држава.