Британската влада ја отфрли денеска можноста да им се придружи на САД во воздушните напади против позициите на џихадистите од групата Исламска држава, но ја поддржува операцијата во Ирак.
Министерот за надворешни работи Филип Хамонд изјави дека британските пратенци минатата година гласаа против воена интервенција во Сирија и дека таа одлука „нема да се преразгледува“.
Претставник на Даунинг стрит 10 објасни дека нема планови, ниту за британско учество во било каква операција на ирачката територија.
Реакцијата на официјален Лондон доаѓа по изјавата на американскиот претседател Барак Обама дека „нема да се колеба“ да ги бомбардира позициите на ИД и во Сирија.
Сириските бунтовници, кои доскора беа сојузници со Исламска држава, веќе се огласија со силна подршка на американската намера да се бомбардира ИД на сириската територија.
Официјална Москва денеска остро го прекори Вашингтон за намерата да се бомбардира Сирија, означувајќи ја евентуалната таква операција како „тешка повреда на меѓународното право“.
САД досега имаат извршено над 150 воздушни напади врз ИД на ирачката територија, а вршат префрлање на оружје и муниција за ирачките и курдските сили.