Штајнмаер: Дијалогот со Русија за Украина мора да продолжи

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер рече денеска дека дијалогот со Русија за Украина мора да продолжи и отфрли критики во државата дека Берлин е премногу лојален спрема Русија во конфликтот со Украина.

– Не сакаме студена војна, не сакаме жешка војна, туку сакаме да видиме зачуван европски мир, изјави Штајнмаер.

Според германскиот министер за надворешни работи, Украина би требало да почне со уставна реформа со цел децентрализација на власта.

Во говорот во Бундестагот, Штајнмаер истакна дека реформите во Украина ќе „обезбедат децентрализација и заштита на малцинствата“.

– Примирјето треба да се искористи како шанса за политичка одлука. Тој нагласува дека територијалниот интегритет на Украина не е доведен во прашање.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани