Поплавите в Индија и Пакистан земаат нови жртви

Од:

Пакистански војници со хеликоптери и чамци евакуираа илјадници луѓе во реони на Пакистан, каде поплавите денеска зафатија уште населени места.

Во соседна Индија, пак, армијата од воздух им доставува храна на стотици илјади луѓе, кои се блокирани во поплавените реони на индискиот дел од Кашмир.

Индискиот и пакистанскиот дел на спорниот хималајски регион беа зафатени од големи поплави во последните денови. Официјални лица соопштија дека во двете земји загинале вкупно 461 лице.

Водената стихија им нанела штета на земјоделските култури, уништила десетици илјади куќи и загрозила повеќе од еден милион луѓе.

– Припадници на Военото воздухопловство тврдеат дека забележале тела на жени и деца како ги носи надојдената вода низ улиците. Правиме се што е потребно за да ги извадиме телата најбрзо што може, истакна полициски претставник од градот Шринагар.

Портпаролот на пакистанската Служба за справување со вонредни состојби, Ахмад Камал изјави дека во Пакистан загинале 261 лице, а 482 се повредени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март