Татко и син рано се избодени со нож. Инцидентот се случил утрово, при расправија со неколку засега непознати лица во скопската населба Ѓорче Петров.
Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу седум часот кога настанала расправија меѓу татко и синот и уште неколку лица од друга страна на пазарот во Ѓорче Петров.
Повредените се пренесени на лекување во Градската болница во Скопје.