Состанок за влијанието на одлуките од НАТО Самитот во Велс

Од:

„НАТО Самитот во Велс: Иднината на алијансата и регионалната стабилност на Западен Балкан”, е темата на работилницата, што ќе се одржи денеска во Охрид, во организација на Маршал центарот на Република Македонија.

На состанокот ќе се разговара за одлуките од Самитот во Велс и како тие влијаат на иднината на Алијансата и на безбедноста на земјите од Западен Балкан.

Најавено е обраќање на министерот за одбрана Зоран Јолевски, како и учество на 30-тина експерти од земјите од регионот, универзитетски професори, политичари, претставници на НАТО и на дипломатскиот кор во Македонија.

Покровители на настанот се НАТО Секторот за јавна дипломатија и Европскиот центар за безбедносни прашања.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина