Србија ја растури Италија на одбојкарскиот Мундијал

Од:

Репрезентациите на Бразил и Србија ги добија дерби дуелите против Бугарија и Италија, на Светското одбојкарско првенство кое се одржува во Полска.

Во натпреварите од 1.коло на новоформираните групи, Бразилците експресно со 3:0 ја совладаа Бугарија, а победа со максимални 3:0 славеше и селекцијата на Србија во дуелот со Италија.

Триумф од 3:0 оствари и Русија против Финска, додека Франција и препушти еден сет на Аргентина победувајќи ја со 3:1.

Во вечерниот термин од 20 часот и 25 минути ќе стартуваат уште четири натпревари. Во групата Е ќе играат, Полска – САД и Австралија – Иран, додека во Ф групата се среќаваат, Германија – Кина и Куба – Канада.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ