Инспектори за храна доживеале шок кога го отвориле замрзнувачот во ресторанот во близина на Зоолошката градина, да проверат како се чува храната која им се служи на гостите, пренесе Мирор.
– Направивме контрола во ресторанот и најдовме мртов лав во замрзнувачот. Во близина на тој ресторан има Зоолошка градина. Со оглед на тоа што мртвото тело на животното беше поставено врз храната која им се случи на гостите во ресторанот, се разбира дека моравме да преземеме акција – вели Иан Брајтмор, инспектор од западен Сасекс.
Сопственикот на ресторанот им рекол на инспекторите дека лавот му бил дониран од Зоолошката градина, да послужи како храна за неговите кучиња.
Најчудно во целата приказна е што на крајот инспекторите заклучиле дека единствената „неправилност“ во ресторанот е мртвиот лав во фрижидерот, и без проблем му дозволиле на шефот на ресторанот да продолжи со работа.