(ВИДЕО) Заев: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ доста го потценуваа народот

Од:

СДСМ го направи вториот чекор во реализацијата на Стратегијата за политичко делување. Aктивно е вклучен и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Извршниот одбор на партијата формираше Директорат на Централниот систем на комисии со 5 извршни директори кои ќе работат директно во консултации со лидерот Зоран Заев и ќе ја координираат работата на 17 комисии.

– Извршен директор и претседателка на Комисијата за надворешни работи, задолжена и за комисиите за информатичко општество и администрација и за европски прашања е заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

– Извршен директор задолжен за комисиите за внатрешни работи, за правда и за одбрана е генералниот секретар Оливер Спасовски.

– Извршен директор задолжен за комисиите за финансии, за економија, за локална самоуправа, за труд и социјална политика и за енергетика е потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов.

– Извршен директор задолжен за комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за транспорт и врски и за животна средина и просторно планирање е потпретседателот, Дамјан Манчевски и

– Извршен директор задолжен за комисиите за здравство, за образование и наука и за Комисијата за култура е потпретседателот, Александар Кирацовски.

sdsm10sep (1)

Директоратот на СДСМ, континуирано ќе ги скенира општествено – политичките процеси во државата, што влијаат врз животот на граѓаните на Република Македонија и ќе носи одлуки за политичко дејствување на СДСМ, исклучиво според потребите на граѓаните на Македонија.

17- комисии ќе бидат постојан коректив на државните институции и предлагач на алтернативните решенија на СДСМ пред граѓаните.

– Претседателка на Комисијата за внатрешни работи е потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски.

– Претседателка на Комисијата за правда е пратеничката и членка на Извршниот одбор, Рената Дескоска.

– Претседател на Комисијата за финансии е досегашниот претседател на Советот за економски прашања, Кире Наумов.

– Претседател на Комисијата за економија е членот на Извршниот одбор, Драган Тевдовски.

– Претседател на Комисијата за транспорт и врски е членот на Извршниот одбор, Благој Бочварски.

– Претседател на Комисијата за одбрана е Максим Димитриевски, член на Извршниот одбор.

– Претседателка на Комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство е Тања Прентовиќ од Извршниот одбор на партијата.

sdsm10sep (2)

– Претседател на Комисијата за здравство е членот на Централниот одбор, Гоце Чакаровски.

– Претседател на комисијата за образование и наука е членот на Извршниот одбор, Петар Атанасов.

– Претседателка на Комисијата за труд и социјална политика е досегашната претседателка на Советот за социјална политика на СДСМ, Мила Царовска.

– Претседател на Комисијата за локална самоуправа е досегашниот претседател на Советот за локална самоуправа, Дејан Павлески.

– Претседателка на Комисијата за европски прашања е Лидија Димова, која досега раководеше со Советот за ЕУ интеграции.

– Претседател на Комисијата за култура е досегашниот претседател на Советот за култура на СДСМ, Роберт Алаѓозовски.

– Претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање е членот на Извршниот одбор, Пеце Мирчевски.

– Претседателка на Комисијата за информатичко општество и администрација е поранешната пратеничка на СДСМ, Цветанка Иванова.

– Претседател на Комисијата за енергетика ќе биде досегашниот претседател на Совет за енергетика и комуникации, Митко Андреевски.

sdsm10sep (3)

„ Ова е врвот на пирамидата, пандан на целиот централен систем на институции на ниво на Македонија, до најниска вертикала, до најмалата општина.На вчерашната седница на Извршниот одбор е донесена едногласна одлука, носител на четвртиот столб од Стратегијата за политичко делување на СДСМ, “Партнерства за демократска Македонија“ да биде нашиот кандидат за претседател на последните претседателски избори, досегашен претседател на Советот за безбедност и НАТО интеграции, Стево Пендаровски. Стево ќе биде со нас на терен, ќе биде во контакт со невладиниот и граѓанскиот сектор, зашто, како што најавивме, отвораме широк фронт за демократска Македонија, во којшто ќе ги вклучиме сите субјекти и индивидуалци кои сакаат да придонесат Македонија да ја кренеме од дното и да ја вратиме на патот на просперитетна држава“, рече на прес конференција Зоран Заев.

Паралелно со ова се работи и на другите два столба: “Работиме заедно“и “Силна СДСМ.Партиски тимови веќе се меѓу граѓаните, во подготвителни активности за да се воспостави директна и цврста врска со народот. Клучна цел е граѓаните да бидат партнер во активностите на СДСМ, за враќање на државата во нормален колосек.

„Груевски и ВМРО-ДПМНЕ доста го потценуваа народот и изигруваа се што ќе се договори. Квалитетната кадровска поставеност, новата стратегија на СДСМ, со поддршката од граѓаните, ќе значи НУЛА толеранција за катастрофалното владеење на дрската и безобразна власт на Никола Груевски со којашто ја уништуваат Македонија 9-та година по ред“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?