Вучиќ и Ли договорија Самит во Белград

Од:

Премиерот на Србија Александар Вучиќ со неговиот кинески колега Ли Кечијанг договори одржување Самит на 16 лидери од земјите од Централна и Источна Европа во Белград, како и негова посета на српскиот главен град во декември кога заедно ќе го отворат мостот Земун-Борча.

Toa ќе биде тоа прва посета на кинески премиер на Белград после речиси 30 години, јавува српската новинска агенција Танјуг.

– Тоа е голема работа за Србија. Првпат после 1986 година доаѓа кинески премиер во Белград, но доаѓаат уште 16 премиери од Центална и Источна Европа во нашиот главен град. Мислам дека најмалку 35 – 40 години немало таков собир на територија на Србија, изјави Вучиќ после состанокот со Ли.

На средбата било договорено во декември двајцата премиери, заедно со унгарскиот колега Виктор Орбан да потпишат договор за изградба на брза пруга Белград- Будимпешта.

Вучиќ во изјавата пред новинарите истакна дека Ли му пренел оти неодамна разговарал со грчкиот премиер Андонис Самарас и оти се договориле пругата Будимпешта – Белград да се спои со Солун, истакнувајќи дека тоа за Србија би претставувало најголем инфраструктурен проект.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања