ФОТО+ВИДЕО: Извршен увид, непознато што однеле во ранец крадците од Центар

Од:

По извршениот увид од крим техника во барака 6. во општина Центар, констатирано е дека крадците влегле преку прозорецот и вратата код салата за состаноци која била обиена.

Baraka br. 6 - Opstina Centar (9)

Тие го искорнале прожекторот во салата, а изнесен е и апаратот за снимање од салата за состаноци на Советот. Крадците успеале да изнесат и три монитори и еден компјутер од одделението за човекови ресурси и делови од компјутерска опрема.

Baraka br. 6 - Opstina Centar (7)

Обиена е фиоката со општинските печати кои се со овластување,  но  биле оставени. Точно што имало во торбата-ранец  со кој побегнале се уште не е познато.

-Би сакал да биде обичен грабеж, но сето ова остава простор за сериозно сомневање дали се работи за обичен грабеж. Интересно е дека од сите општини само во општина Центар се случуваат вакви работи, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Baraka br. 6 - Opstina Centar (8)

Сторителите, кои се дале во бегство откако дошло лицето од обезбедување на општината, оставиле се што сакале да однесат пред бараката. Се претпоставува дека се работи за две лица. Крим техника ги откри и нивните отпечатоци. Има отисоци и од прсти и од стапалки од нозе.

Baraka br. 6 - Opstina Centar (6)

Општина Центар до петок треба да достави записник за утврдената штета.

Baraka br. 6 - Opstina Centar (4) Baraka br. 6 - Opstina Centar (3) Baraka br. 6 - Opstina Centar (2) Baraka br. 6 - Opstina Centar (1)

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните