Обама ќе претседава со седница на СБ на ОН, на која ќе биде усвоена обврзувачка резолуција за борба против ИД

Од:

Американскиот претседател Барак Обама ќе претседава на 24 септември со седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која ќе биде усвоена резолуција со задолжителен карактер за борба против џихадистичката групација „Исламска држава“, изјави претставник на американската Влада.

Претходно беше соопштено дека седницата во рамки на годишната сесија на Генералното собрание на ОН ќе се одржи на 25 септември.

– Датумот е изменет. Седницата ќе се одржи на 24 септември попладне, а истиот ден Обама ќе говори и пред Генералното собрание, додаде истиот извор.

САД веќе им ја поделија на 14-те земји-членки на СБ првичната верзија на резолуцијата, која се повикува на поглавјето седум од Повелбата на ОН.

Нацрт-резолуцијата предвидува земјите да преземат нови мерки, со цел да не им дозволат на своите граѓани да влегуваат во редовите на групации како ИД и сирискиот огранок на Ал Каеда, „Џебхат ал Нусра“ (Фронт на победата).

Според експертите 12 илјади странци од 74 држави се приклучиле конкретно кон тие две терористички организации. Од 60 до 70 отсто од нив се од Блискиот Исток, а 20 до 25 отсто од западните земји.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија