Обама и Абади телефонски разговараа за борбата против ИД

Од:

Американскиот претседател Барак Обама денеска во телефонски разговор со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади ја потврдил намерата на САД да и помогне на новата ирачка Влада во борбата против Исламската држава (ИД), соопшти Белата куќа.

– Обама и Абади изразиле согласност дека е потребно новата Влада брзо да преземе конкретни чекори што ќе одговорат на очекувањата и легитимното незадоволство на ирачкиот народ, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Ирачкиот премиер изрази подготвеност да работи со сите заедници во земјата, како и со регионалните и меѓународни партнери на јакнење на капацитетите на Ирак за борба против заедничкиот непријател.

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека формирањето на новата влада во Ирак е важен чекор за земјата која се бори против милитантите на ИД.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија