Почнува 22-от Фестивал за камерен театар „Ристо Шишков“

Од:

На големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица вечер ќе биде отворен 22-от Фестивал за камерен театар  „Ристо Шишков“.

Директорот на фестивалот Ванчо Ристов информира дека годинава фести-валот ќе го отворат гостите од Шабац, Србија со претставата „Ќелавата пеачка“ од Ежен Јоанеску, во режија на Никита Миливојевиќ.

– Во петте фестивалски денови ќе бидат изведени 10 претстави од шест држави. За наградата за високи актерски остварувања „Ристо Шишков“  ќе се натпреваруваат шеесетина актери, рече Ристов.

Наградата „Ристо Шишков“ се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда во износ од 1.500 евра и признание.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он