ВИДЕО: СДСМ Битола на граѓаните им го честита Денот на независноста!

Од:

По повод  8-ми Септември – Денот на независноста, делегација на Општинската организација на СДСМ Битола составена од Васко Ковачевски – Пратеник и Претседател на СДСМ Битола, Тања Крнчева – Координаторка на Форум на жени и Драган Крајовски – Претседател на ЛК СДММ Битола положи свежо цвеќе пред споменикот на Револуционерната борба на македонскиот народ.

„Во мое лично име, и во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на сите граѓани им го честитам големиот национален празник – Денот на независноста. Истовремено порачувам, се’ што ни овозможиле нашите предходни генерации, слободата, мирот, независноста, демократијата трајно да ги чуваме и негуваме.

Посебно го потенцирам големото значење и придонес на првиот Претседател на независна Р.Македонија, Киро Глигоров  и неговите напори за слобода и независност на нашата држава. Државникот, треба и мора да има значајно место во нашата историја и токму затоа во наредниот период ќе бараме од Градоначалникот и Советот на Општина Битола  да се постават  спомен обележја со неговиот лик и да се именуваат значајни објекти и улици со неговото име. Само така ќе покажиме и докажиме дека ги цениме сите оние кои се вложија за слободата и независноста на нашата татковина.

Нека му е вечна слава на сите оние кои се заложиле за слободна, независна и демократска Република Македонија”, изјави Васко Ковачевски, пратеник и претседател на СДСМ Битола.

Би можело да ве интересира

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Шкотска пак ќе гласа за независност, предложен закон за нов референдум

Жарко Настоски

Косово одбележува 11 години независност

Џафери: Пред 27 години во Собранието поставени стратешките цели на Македонија – евроатлантските интеграции

Наум Локоски

Евергрини и електронски звуци за Денот на независноста

Ана Ололовска