Во честитката по повод 8. септември, а која ја упати американскиот државен секретар Џон Кери се порачува дека САД остануваат посветени да и помогнат на Македонија да го зајакне владеењето на правото, да промовира слобода на медиумите и да изгради силни демократски темели на едно инклузивно, мултиетничко општество.
– Од името на претседателот Обама и на американскиот народ, им го честитам Денот на независноста, 8-ми Септември, на граѓаните на Република Македонија. Разновидноста на населението во Македонија е извор на сила, која продолжува да нуди идеи, енергија и мотивација и ја движи Македонија и целиот регион напред.
– Горди сме што во изминатите 23 години Соединетите Држави го поддржуваат развојот и транзицијата на Македонија. Им честитаме на сите граѓани на Македонија за сите постигнувања од независноста наваму – порача државниот секретар Кери.