Најдобрите 24 репрезентации учеснички на Светското првенство во одбојка синоќа ја завршија првата фаза, а во следната рунда повторно во групи ќе продолжат да играат 16 селекции.
Резултати од 5. коло:
А група: Австралија – Венецуела 3:2, Полска – Аргентина 3:0, Србија – Камерун 3:1.
Табела: Полска 15 бода, Србија 12, Аргентина 9, Австралија 5, Венецуела 4, Камерун 0.
Б група: Тунис – Финска 0:3, Германија – Јужна Кореја 3:0, Бразил – Куба 3:1.
Табела: Бразил 14, Германија 12, Финска 8, Куба 6, Јужна Кореја 4, Тунис 1.
Ц група: Египет – Мексико 2:3, Канада – Кина 3:0, Русија – Бугарија 3:2.
Табела: Русија 14, Канада 11, Бугарија 10, Кина 6, Мексико 2, Египет 2.
Д група: Франција – Белгија 3:2, Иран – Порторико 3:0, Италија – САД 1:3.
Табела: Франција 12, Иран 11, САД 9, Италија 5, Белгија 5, Порторико 3.
Репрезентациите се поделени во две групи по 8, а со селекциите со кои играле во првата фаза ги пренесуваат бодовите.
На првенството денеска и утре се слободни денови, а новите групи го имаат следниот изглед.
Група Е – табела: Полска 9 бодови, Франција 8, Србија 6, Иран 5, САД 4, Аргентина 3, Италија 2, Австралија 0.
Група Ф – табела: Бразил 9, Русија 8, Германија 6, Канада 5, Бугарија 5, Финска 2, Куба 1, Кина 0.