Единаесет репрезентации обезбедија втора фаза на Светското првенство во одбојка

Од:

Со натпреварите одиграни синоќа беше комплетирано 4.коло од групната фаза на Светското првенство во одбојка што се одржува во Полска и досега се познати 11 репрезентации кои ќе ги продолжат натпреварите во следната фаза, а тоа се:

Полска, Аргентина, Србија (А група), Бразил, Германија (Б група), Русија, Бугарија, Канада, Кина (Ц група), Франција и Иран (Д група).

По денешните натпревари ќе бидат познати и другите пет селекции, кои ќе играат во втората фаза.

Двојки од 5.коло:

А група: Австралија – Венецуела, Полска – Аргентина, Србија – Камерун.
Табела: Полска 12 бода, Аргентина 9, Србија 9, Австралија 3, Венецуела 3, Камерун 0.

Б група: Тунис – Финска, Германија – Јужна Кореја, Бразил – Куба.
Табела: Бразил 11, Германија 9, Куба 6, Финска 5, Јужна Кореја 4, Тунис 1.

Ц група: Египет – Мексико, Канада – Кина, Русија – Бугарија.
Табела: Русија 12, Бугарија 9, Канада 8, Кина 6, Египет 1, Мексико 0.

Д група: Франција – Белгија, Иран – Порторико, Италија – САД.
Табела: Франција 10, Иран 8, САД 6, Италија 5, Белгија 4, Порторико 3.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ