ЕУ одобри нови санкции за Русија

Од:

Амбасадорите на државите членки на ЕУ, наспроти вчерашниот договор за примирје помеѓу украинките сили и проруските бунтовници, синоќа во Брисел одобрија нови санкции за Русија поради нарушување на суверенитетот на Украина.

-Постигнат е договор за нови санкции, а официјална одлука ќе биде донесена во понеделник во писмена форма- рече за „Франс прес“, неименуван дипломат.

Тој наведе дека претседателите на Европската комисија Жозе Мануел Барозо и Европскиот совет, Херман Ван Ромпеј, ќе ги информираат шефовите на владите и државите за овие одлуки во писмена форма.

Како што пренесе француската агенција, друг извор рекол дека мерките ќе се однесуваат на пристап на пазарот за капитал, одбрана, производи кои се користат за цивилни и воени цели и технологијата, а ќе биде проширен и списокот на санкционирани личности.

Според наводите одлуката е доказ дека ЕУ е подготвена да направи се што треба за да и ги покажат на Русија последиците од нејзиното дејствување.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски