Општина Чашка: Спасовски и Николовски да не манипулираат со жителите од Мелница

Од:

Спасовски и Николовски наместо да ги манипулираат жителите од селото Мелница подобро е своите членови да ги едуцираат соодветно да се приклучуваат на канализационата мрежа, бидејки токму тоа е причина за навлегување на вода во дел од куќите, реагираат од општина Чашка.

Што се однесува на изјавите за оштетувањата на патот кој се гради со средства од Светската банка, неоходно е да се напомене дека нема оштетување на асфалтот туку станува збор за оштетувања на банкините. Но и тие оштетувања веќе се санираат, велат оттаму.

Општина Чашка не ги дели жителите, нити по партиска ниту по верска националност, општинска комисија за проценка на штети на терен излегува по претходно доставено барање за пријава на штета.

Локалната самоуправа во изминатите денови ги презема сите неопходни мерки за санација на настанатите штети. Механизација на ЈП Македонија Пат веќе работи на неколку локации.Досега комплетно е санирана банкината од едната страна на коловозот, се очекува согласно временските услови , до крајот на идната недела, работите комплетно да бидат завршени. Досега санирани се оштетувањата на регионалниот пат Р-515 Чашка-Лисиче. Спасовски и Николовски добро е што ја посетија Општина Чашка , но во иднина им препорачуваме да ја посетат и локалната власт затоа што тука ќе ги добијат сите потребни информациии и нема да се соочат со срамот, сами двајцата да се шетаат по селото.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ