Меркел: ЕУ може да го одложи воведувањето на нови санкции против Русија, ако има примирје во Украина

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека воведувањето на нови санкции против Русија од страна на ЕУ би можело да биде одложено доколку се воспостави примирје во источниот дел на Украина.

Таа, исто така, истакна дека НАТО останува обврзан со договорот за соработка со Русија, и покрај тоа што Москва го прекршува со своите дејствија во Украина.

Според Меркел, лидерите на земјите од Алијансата се согласиле на средбата на врвот во Велс дека основачкиот акт НАТО-Русија продолжува да биде клучен дел од безбедносниот систем во Европа.

Украинскиот претседател Петро Порошенко потврди дека на денешната средба на Контакт групата за Украина во Минск е постигнат договор за прекин на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани