Во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,6 проценти, за материјали за 0,5 проценти, а за вработените за 4,7 проценти.
Според Државниот завод за статистика, во вториот квартал годинава споредено со истиот квартал лани, градежните фирми имале пониски трошоци при изградба на нови објекти за индивидуално домување за 0,8 проценти.
Трошоците за материјали биле пониски за 1,6 проценти, а за вработените повисоки за 1,6 проценти.