Градската болница „8 Септември“ одбележува петгодишнина

Од:

Градската болница „8 Септември“ одбележа пет години постоење. Петгодишнината ја одбележува со 120.000 примени пациенти што е за 20 проценти повеќе од лани, 3.365 извршени операции, 160 доктори и 20 преземени доктори од приватното здравство. Здравствената установа очекува да се засили со инсталирњето на ангеограф и отворање на онколошко одделение.

Министерот за здравство Никола Тодоров на одбележувањето на годишнината оцени дека ова е една од најпрестижните здравствени уставнови во државата на која се многу фокусирани како здравствени власти и во која и менаџментот е фокусиран на постојано унапредување на работите и подигнување на квалитетот.

За довербата во институцијата, според Тодоров покажува не само зголемениот број пациенти, туку и преземањето на специјалисти од приватно во јавно здравство.

Тој истакна дека во болницата има реализирано повеќе инвестиции од реновирање на болничките одделенија, до најнова набавка на ангеограф за кој договорот е склучен и се очекува на почетокот на наредната година да биде доставен и ставен во функција со што практично ќе почнат да се изведуваат процедури на интервентна кардиологија, но и од областа на интервентната радиологија.

– Кардиоваскуларните болести се причина број еден за смртност во Македонија и во Европа и со воведувањето на оваа метода сериозно ќе се зголеми можноста на давање поквалитетни и повеќе услуги и сите оние пациенти наместо да се препраќаат на Клиниката таа метода ќе може да се изведе, истакна министерот.

Директорот на Градската болнца „8 Септември“ Сашо Стојчев рече дека до 2 септември во болницата примиле 84 лица со акутен срцев инфаркт, од кои 10 згрижиле во оваа здравствена установи, бидејќи биле доцна донесени, а 74 биле препратени на Клиниката.

Информира дека двајца доктори се испратени на обука од шест месеци и оти се очекува да бидат оспособени за изведување коронографија. Обуката се изведува во земјава и во Дедиње.

Покрај специјалисти кои се испраќаат во странство, во болницата, како што рече директорот Стојчев, доаѓаат  специјалисти од странство на нивно барање за да се развијат одредени специјалности кои не се работеле во болницата, но и воопшто во земјата.

– Годинава ќе примиме 12 странски специјалисти од Америка, а деновиве почнуваат странски доктори, односно хирурзи кои ќе оперираат со нашите доктори, рече Стојчев.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски