Шокантен оглас на сајт за купување и продажба, во кој се продава бебе, ја вознемири јавноста во Србија и иако веројатно станува збор само за шега, правниците предупредуваат дека човекот што го објавил огласот ја носи одговорноста за него, пренесе српската национална телевизија РТС.
Според Тамара Лукшиќ-Орландиќ, заштиник на правата на детето, секое споменување на трговија со деца треба да се прима сериозно, независно дали тоа е вистинска понуда или едноставно желба да се привлече внимание, или пак нешто трето.
Сакам да кажам дека тоа е дел од општеството, но сметам дека компетентните власти треба да го истражат случајот и да преземат мерки за „овие забавувања“ да не се повторат во иднина. За луѓето кои имаат деца или сакаат да имаат деца, ова е едноставно навредливо, коментира Лукшиќ-Орландиќ.
Обвинителството потестува дека за трговија со деца се предвидуваат од пет до 20 години затвор.
Благодарение на многубројните протести полицијата за високо технолошки криминал го симнала огласот од сајтот и почнала истрага за случајот.