Почна исплатата на првата рата од еднократната помош за пензионерите во висина од 16 000 динари, соопшти Министерството за труд и социјала на Србија.
Парите во првите три дена пензионерите ќе можат да ги подигнат на шалтерите во пошта, а потоа ќе им се достават на домашна адреса.
Право на користење на оваа антикризна мерка имаат сите пензионери што примаат пензија до 15 000 динари или вкупно 436 000 пензионери во Србија.