БМВ подготвува шест модели со преден погон
Германската компанија БМВ објави дека во следните неколку години да претстави шест модели со преден погон, што ќе бидат поставени на новата платформа УКЛ1, што моментално се користи за Мини моделите.
Мини ќе претстави вкупни осум модел, додека матичната компанија БМВ ќе претстави шест модели на платформата УКЛ1 со погон на предната оска и трицилиндерски мотори со турбо полнење.
БМВ неодамна го објави својот прв модел со погон на предната оска компактниот МПВ Серија-2 Актив Туриер. Следната година се очекува верзија со седум седишта, како и нови Х1 и Х2 кросовери.