Зошто бебињата се плашат од непознати личности?

Од:

Новороденчињата се уште не знаат кој е странец, уживаат во пегратките, насмевките. Но од три месеци бебето поинаку гледа на светот околу себе и може да ги разликува лицата на родителите и некој, кој никогаш не го виделе. Меѓутоа повеќето бебиња стравот од непознати лица го чувствуваат околу седум до осум месеци.

Некои бебиња се почувствителни и побурно реагираат кога ќе видат некој, додека други се плашат ако им се приближите или ако ги допрете. Бебињата, кои навикнале на чести посети, побрзо се навикнуваат и полесно ги прифаќаат непознатите лица, па кај нив оваа фаза трае мошне кратко.

Дали стравот од непознати лица е нормална појава?

Стравот од непознати лица е целосно нормала појава и обично се јавува сосема неочекувано и ненадејно. Бебињата одеднаш се плашат од непознати, ја вртат главата, грчевито држејќи се за мајката. Некогаш бебето се плаши и од лица, кои претходно ги видело, дури и од блиски лица, како бабите и дедовците, доколку не ги виделе подолго време. Најчесто овој страв исчезнува сам од себе, бидејќи бебето го надраснува.

Зошто моето бебе одеднаш се плаши од луѓе?

Некои научници бурните ракции на бебето кога ќе види непознати лица ги појаснуваат со тоа дека бебето всушност покажува страв дури кога е способно да спореди нешто што знае и нешто што не му е познато. Како што расте се повеќе ги разликува познатите од непознатите лица и се повеќе чувствува страв од оние кои не ги познава. Во еден момент, околу осмиот месец, стравот доживува кулминација, а потоа постепено исчезнува.

Совети за родителите

– Секогаш бидете близу бебето кога во негова близина се непознати лица.

– Потрудете се веднаш да го утешите бебето и немојте да инсистирате тоа да ја прифати непозната личност во моментот, бидејќи тоа може само да ја влоши ситуацијата.

– Покажете му на бебето дека новите луѓе се добронамерни. Кога ќе се поздравите срдечно со насмевка и ако гласот ви е смирен, детето помалку ќе се плаши.

– Предупредете ги вашите роднини и пријатели внимателно да му приоѓаат на бебето и да не го допираат се додека не се опушти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска