Посетата на рускиот претседател Владимир Путина на Белград на 20 октмври, што беше договорена при посетата на српскиот премиер Александар Вучиќ на Москва во јули, не е сигурна и не е официјално потврдеба, објави „Блиц“.
– Во дипломатијата Русите никогаш до крај не ги откриваат картите. Путин не ја потврдил официјалната посета. Ако оцени дела може да повлијае на нашите ставови ќе дојде, ако оцени дека не може да влијае, нема да дојде, изјави за „Блиц“ поранешниот амбасадор на Србија во Украина, Душан Лазиќ.
Вучиќ по посета на Русија изјави дека Путин ја прифатил поканата да ја посети Србија на 20 октомври, денот на ослободувањето на Белград.