Четворица големи ирански ајатолахи го проколнаа операторот за мобилна телефонија „Рајтел“ поради поткопување на религиозните основи во земјата и охрабрување на неморалот со објаснување дека пристапот до брз интернет, но и 3Г интернетот, е против шеријатот и против моралните начела.
Имено „Рајтел“ е трет мобилен оператор во земјата кој има ексклузивни права на 3Г мрежата во Иран, беше предмет на фатва на големите ајатолахи: Насер Макарем-Ширазиј, Хусеин Хуриј Хамеданиј, Џафар Собаниј и Зајед Сајад Алави Горганиј, затоа што ќе им овозможат на Иранците користење на видео-повици и мултимедијално испраќање на пораки.
Тоа ќе биде прва средба на луѓето во оваа земја со таквите сервиси и прва драстична технолошка експанзија. Меѓутоа, конзервативниот Парламент и верските поглавари бараат „Рајтел“ да ги укине услгите.
Жителите на големиот религиозен град Кума потпишаа петиција против „Рајтел“. Тие го обвинуваат мобилниот оператор за „пристап до грев и декаденција“.