Универзитет во Бафало: Нелегално е, но гарантира среќен брак

Од:

Ако сакате мирна и среќна врска, многу љубов, најдобро би било саканата личност и вие повремено заедно да конзумирате марихуана, тврдат научниците од Универзитетот во Бафало.

Резултатите од најновото истражување покажуваат дека кај двојките кои заедно пушат марихуана постои многу мала веројатност од физичко злоставување.

Едноставно, после џоинтот и мажите и жените стануваат помалку насилни еден кон друг.

Студијата на Универзитетот во Бафало го прoучуваше однесувањето на 634 двојки во перидот од две децении. Со пополнувањето на прашалниците учесниците одговарале на прашањето за конзумирање на алкохолот и дрогата, но и начинот на кои саканата личност се однесува кон нив.

Иако малку е веројатно дека луѓето дури и во анонимните прашалници ќе признаат дека физички ги злоставуваат брачните партнери, вообичаено е дека жртвите на насилство отворено признаваат низ што поминуваат, барем тогаш кога знаат дека нивната приказна нема да излезе во јавноста.

– Марихуаната има позитивни ефекти на психата, што може да доведе до намалување на шансите да дојде до конфлики и агресија, заклучува истражувачите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска