Роуд шоу низ светот и за здравствените зони

Од:

Планот за слободни здравствени зони ќе биде промовиран во светот со роуд шоуа,најави министерот Никола Тодоров на МТВ.

-Ова е нова материја не само во Македонија, туку и пошироко. За мене е значајно што ќе организираме концепт во повеќе земји, како роуд шоу, што ќе го промовираме во повеќе земји, во Америка, Канада, Нордиските земји, арапските земји, рече Тодорв.

Сепак ова за светот не е никаква новина и се применува во неколку земји со години наназад. Токму Арапските земји знаат за слободните здравствени зони уште од 2002 година, кога е основана првата зона во Дубаи, а почна целосно да функционира уште во 2006 година. Слободните здравствени зони беа покренати кон реализација и во Турција на почетокот на оваа година. Позната по ова е и Јужна Кореја, но и Тајланд нуди слични здравствени услуги.

Screen Shot 2014-09-02 at 21.11.02

Тодоров повтори дека македонските жители нема да можат да се лечат во овие зони, за да не се креира конкуренција на домашното здравство, со оглед дека во зоните нема да се плаѓа данок.

-Се јавија од неколку места за разгледување на концептот, гледам само што го промовиравме предизвика сериозно внимание надвор од Македонија. Во здравствените зони треба да има интеврвенции кои не се изведуваат во Македонија, и тоа ќе ја стави Македонија високо на картата на светското здравство, рече Тодоров.

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор