СДСМ: Наместо оставки, Ставрески и Трајковски понудија жртвени јагниња

Од:

Најмалку што можеше да се очекува од министерот Ставревски и директорот на УЈП, Трајковски од заедничката прес конференција е да ги соопштат своите оставки за криминалот откриен со „Детонатор“.

Наместо тоа, вчера бевме сведоци на уште една театарска претстава, слична на „новиот бран“, каде одговорноста за неуспесите, криминалот и корупцијата, се лоцира врз 24 послушници кои сега треба да ја преземат одговорноста само затоа што спроведувале безпоговорно се што им било наредено од нивните претпоставени, рече на прес конфернеција Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.

Ова е преголема работа за да одговараат само извршителите на ВМРО ДПМНЕ. Со рокадите на инспекторите и раководителите, надлежните не го решаваат случајот, туку оставаат впечаток дека некој е жртва за криминалот во кој учествувале поголемите играчи.

Истата стара приказна се повторува! На Груевски му се потребни 150 жртвени јагниња за да се обиде со таканаречениот „нов бран“ да го прикрие својот личен неуспех.

На неговиот кум Ставревски гледаме дека му се потребни само 24 послушници за да се обиде да го спаси Горан Трајковски од одговорноста за пропустите на УЈП, рече Георгиев.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он