Си-Ен-Ен: Косово – држава со најмногу џихадисти во Сирија

Од:

Косово е државата од југоисточна Европа која има најголем број џихадисти во Сирија, јави дописникот на МИА од Тирана.

Бројот на  косовските Албанци кои војуваат како џихадисти во Сирија се движи од 100 до 120 лица или 0,006 отсто од странците кои војуваат во Сирија, пренесува порталот Албеу, повикувајќи се на Си-Ен-Ен.

Најголем број лица кои заминале да војуваат во Сирија од европските земји се од Велика Британија, Франција и Холандија.

– Еден од 6.000 муслимани кои живеат во Велика Британија побегнале за да војуваат во Сирија, еден на 6.666 муслимани кои живеат во Франција заминале за Сирија и еден на 7.000 муслимани кои живет во Холандија исто така заминале за Сирија – стои во написот.

Има и муслимани од САД кои заминале во Сирија, но се во помал број.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее