„Бремена си? Леле супер! Дали е машко или женско?“, прашуваат речиси сите, кога ќе ја дознаат среќната вест. Слободно кажете им дека не го знаете полот на детето и дека тоа ќе го откриете дури кога бебето ќе се роди.
Освен со ултразвук, полот на бебето во мајчиниот стомак некои го утврдуваат и со други методи. Девојчињата се носат високо и ја тераат бремената жена да јаде слатко. Момчињата се пониско и поради нив мајките имаат желба за кисела храна.
Овие примитивни проценки за некого се можеби забавни, но доколку не спаѓате во таа група, слободно игнорирајте ги. Стомакот е само ваш, како и апетитот и тоа не треба да биде грижа на другите.
Особено е навредливо доколку некој ве прашува како сте го направиле бебето, бидејќи се верува и дека позата во сексот може да го одреди полот.
Доколку имате ќерка, а сакате син, подобро е да не се разочарате уште во првото тримесечие. На бебето му се радува секој, без разлика на полот, ќе ви каже секој родител, особено кога подоцна ќе сфати колку добро се согласуваат две сестри или двајца браќа.
Исчекувањето на полот на бебето може да биде и дополнителна мотивација при породувањето. Истражувањата покажале дека бремените жени, кои однапред не го знаеле полот на детето, помалку се плашеле од породувањето, подобро соработувале со лекарите и бабиците, делумно и поради тоа што биле мотивирани конечно да го дознаат полот на детето.
Кога бабите и дедовците и останатите не знаат што имате во стомакот, нема да ве преплават со тони сина или розова облека, со барбики или автомобилчиња. Незнаењето на полот може ефикасно да ги принуди да размислуваат надвор од рамките, да бидат креативни.