Како да направите ароматичен путер со лук во калап за мраз?

Од:

Домашен путер е нешто најлесно што може да го направите во кујната. Освен тоа, варијации на тема ароматизиран путер има многу: со лук, рузмарин, босилек, мајчина душичка, магдонос… Практичен е, затоа што цело време ви е на дофат на рака – во замрзнувач. Каде да го користите? Во секое јадење: омлет, пире, тестенини, месо, кај и да посакате.

Потребно е:
400 гр путер
2 чешниња лук, испасирани
половина китка магдонос, ситно сечкан

Подготовка:
– Во мало тенџерче ставете го путерот на многу ниска температура да се топи.

– Кога ќе се растопи, ставете ги лукот и магдоносот, промешајте убаво и смесата распоредете ја во калапи за мраз, до половина.

– Може да се чува во фрижидер, неколку денови, а во замрзнувач многу подолго.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ