Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд денеска ќе замине во официјална посета на Киев, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Петро Порошенко и министерот за надворешни работи Павел Климкин, соопшти СЕ.
Во соопштението се наведува дека главни теми на состанокот ќе бидат ситуацијата во Украина, а особено во источниот и јужниот дел на земјата, човековите права и хуманитарна помош за граѓаните, како и помош на СЕ во спроведувањето на реформи во Украина.
Според портпаролот на генералниот секретар на СЕ Даниел Хелтег на средбата меѓу Јагланд и претседателот и министерот за надворешни работи на Украина особено ќе стане збор за воениот конфликт во источниот дел на земјата.