Сообраќајка кај Прилеп, еден тешко повреден

Од:

Едно лице е потешко, а едно полесно повредено во сообраќајка што се случи попладнево на излезот од Прилеп, на патот за Македонски Брод, кај новите градски гробишта.

Според јавниот обвинител Ристо Шошески кој направи увид, несреќата се случила во 17 часот и 20 минути откако се судриле две патнички возила, „опел“ и „алфа ромео“ со прилепски регистрации. Во двете возила имало петмина патници меѓу кои и едно дете.

– Тешко е повреден возрасен маж од возилото „опел“, а полесно е повредено момче од 20-ина години кое било во возилото „алфа ромео“, информира Шошески.

Повредените се префрлени во прилепската градска болница и се надвор од животна опасност.

Засега не се знаат причините за сообраќајната незгода. Увид направија јавниот обвинител и полицијата.

Би можело да ве интересира

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција

Се преврте камион со бегалци, 18 мртви, меѓу загинатите се 10 деца

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес