Изаири: Да се интензивира реконструкцијата на каналот за отпадни води во Арачиново

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска, со стручен тим од Министерството, беше во теренска обиколка на изведбените работи на проектот „Реконструкција на постоечкиот ободен канал во населено место Арачиново“, во општина Арачиново.

На местото на извршувањето на градежните активности присуствуваа и претставници од подизведувачот „Цвет Компани“, како и од надзорниот орган „Евроконсалтинг“.

При посета на локацијата е констатирано дека се изведуваат работите на отворениот земјен канал и дека моментно се изведуваат градежни активности за покривање на дел од покриениот армирано-бетонскиот канал, а активности на отворениот канал допрва следуваат.

Министерот Изаири укажа на потребата од интензивирање на градежните активности со цел да се испочитува договорениот рок, 19 ноември 2014 година.

Каналот за отпадни води е долг речиси 2.000 метри од кои, на отворениот бетонски канал му припаѓаат 788 метри, 207 метри се затворен бетонски канал и 943 метри се отворен земјен канал. Реализацијата на проектот чини 89 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Министерството за животна средина кое ја подготви целокупната потребаан документација.

Би можело да ве интересира

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он

Дислокацијата на тешката индустрија е логичен почеток за новиот ГУП – експертите за планот на Шилегов

Предраг Петровиќ

Истражување: Размножувањето на египетските мршојадци во заробеништво клучно за нивното преживување, на Балканот регистрирани само 46 пара

Ана Ололовска