Русија ќе возврати доколку и се воведат нови санкции

Од:

Русија ќе преземе одмазднички мерки доколку ЕУ воведе нови санкции, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

„За жал, Европскиот совет и покрај инересите на земјите членки, попушта пред земјите кои сакаат да ги спроведат геополитичките планови за да ја зголемат конфронтацијата со Русија“, се наведува во соопштението.

„Ние се надеваме дека ЕУ ќе биде во состојба независно да ја согледа ситуацијата, да се одвои од стереотипите од минатиот век и да почне контруктивно да помага во решавањето на внатрешните судири во Украина, порача министерството, а јави ИТАР – ТАСС.

Доколку на Русија и се воведат нови санкции, таа ќе преземе одмазднички мерки со цел да ги одбрани своите интереси, додаде руското министерство.

Лидерите на Европската унија на самитот оддржан минатиот викенд се согласија да воведат нови санкции кон Русија, што ќе стапат во сила најдоцна за седум дена, доколку Москва не преземе чекори кон смирување на украинската криза.

„Екстремно сме загрижени заради влошувањето на ситуацијата во Украина“, рече претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпеј на новинарите по состанокот.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски