Лицето во Шведска со сомнителни симптоми нема ебола

Од:

Лицето во Стокхолм, кое од вчера е под сомнение дека е заразено од вирусот ебол беше подложено на испитување, при што нема индикатори дека е погодено од ова тешко заболување, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Пациентот моментно е на лекување во Каролинската универзитетска болница во Стокхолм, каде што ќе бидат извршени детални испитувања за да се утврди што биле причините за појава на симптоми кои предизвикале сомневање од појава на вирусот ебола.

– Кога луѓе доаѓаат дома со температура од подрачја со заразни заболувања, најчесто тоа се должи на други болести, како на пример салмонела, маларија или обична настинка, вели доктор Оке Ортквист од шведскиот Институт за заштита од заразни заболувања.

Досега во Шведска не бил регистриран случај на заболување од ебола, но се памети случај од пред дваесеттина години на слично заболување, од вирсот Марбург кој е проследен со висока температура и крварења.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица