Вељаноски-Шир: Позитивен развоен тренд на односите Македонија-Канада

Од:

Билатералните односи  на двете држави ги карактеризира позитивен и динамичен развоен тренд, е потврдено на денешната средба на претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски со Ендру Шир, претседател на Претставничкиот дом на Парламентот на Канада, кој се наоѓа во официјална посета на Скопје.

На средбата, како што нагласи Вељаноски, била истакната и исклучително важната улога што ја има парламентарната дипломатија односно соработката на двата парламента на сите нивоа. Затоа, една од темите на кои разговарале Вељаноски и Шир, била и продлабочување и развивање на таа соработка, при што посебна улога би имале парламентарните групи за пријателство што ги има во двата парламента.

– Лично изразив благодарност за принципиелниот став на Канада што го признава и го користи нашето уставно име во билатералните односи, како и нејзината силна и континуирана поддршка за Македонија во процесот на нашите евроатлантски интеграции, изјави претседателот на Собранието Вељаноски.

Тој потсети дека Канада високо го цени учеството и придонесот на македонските војници во мировните мисии како што беа во Ирак и Авганистан.

Вељаноски за време на разговорите со претседателот на Претставничкиот дом на Парламентот на Канада ја истакнал и потребата и можностите за подинамичен развој на економските односи, посебно на директното инвестирање во Македонија.

Шир и Вељаноски посветиле посебно внимание и на македонската дијаспора во Канада, која претставува своевиден мост во билатералните, политичките, економските и културните врски.

– Македонците во Канада се своевидни амбасадори во сите сфери на општествениот, економскиот и културниот живот и делување во канадското мултикултурно општество, потенцира претседателот на Собранието на Република Македонија, истакнувајќи ја помошта која Канада како држава ја дава за зачувување на националниот, јазичниот и културниот идентитет.

Според Вељаноски посетата на Шит на Македонија е значаен чекор во натамошниот развој на парламентарната соработка, но и вкупните билатерални односи на двете држави.

– Пријателските односи меѓу Република Македонија и Канада се силни не само поради македонската заедница која живее во Канада, туку и силните односи меѓу двата парламента, изјави Шир.

Тој потенцира дека Македонија е партнер на Канада во регионот, а како особено значаен, го посочи придонесот на армиските сили во мисиите за зачувување на светскиот мир. Тоа е нешто што Канада, како што рече, високо го цени.

Претседателот на Претставничкиот дом на Парламентот на Канада изрази надеж дека со неговата посета, меѓутоа и со посетата на неговите претходни колеги, преку парламентарните односи ќе се зајакнат односите не само во економијата, туку и генералните односи меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет