Филмскиот режисер Крис Тенџи тргнал во австралиската дивина да бара локација за снимање на филм, меѓутоа налетал на еден од најретките природни феномени – огнено торнадо. Во близина на Алис Спрингс, режисерот оддалечен 300 метри, успеал да го сними 30 метри високото торнадо, иако како што кажува, воопшто немало ветер наоколу.
„Торнадото се издигаше околу 30 метри во висина, а испушташе звук на борбен авион“ – изјави Тенџи.
Огненото торнадо, познато како „Огнен ѓавол“,настанува кога столбот на врел воздух ќе се спушти на тлото и предизвикува пожар. Овие појави не се долготрајни, но во овој случај, Тенџи изјавил дека торнадото го вртело огнот полни 40 минути.
Крис Тенџи, кој ја води „Алис Спрингс филм и телевизија“, вели дека ова е искуство кое се доживува еднаш во десет животи.