Шефот на преговарачкиот тим за мирно решавање на судирите, Алексанадер Падила, во име на филипинската Влада денеска ја обнови поканата за мировни преговори со НПА, вооружено крило на филипинските левичари кои веќе четири децении, со околу 4.000 вооружени борци имаат судири со филипинската војска.
Мировните преговори, за кои посредува и врвот на Католичката црквана на Филипините, беа прекинати во февруари минатата година поради одбивањето на претседателот Акино да гарантира целосна амнестија за бунтовниците.
Борците на НПА имаат најмалку 70 кампови ширум филипинскиот архипелаг, а како основно мото на нивната борба е заштита на сиромашното население. Движењето, кое има финансиска поддршка од неколку држави во Европа, значителна потпора наоѓа и во католичкото свештенство на Филипините.