Демократската унија за интеграција денеска упати честитка за изборот на Доналд Туск за Претседател на Советот на Европа и Федерика Могерини за нов висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.
– Постигнатиот консензус во рамките на вчерашниот вонреден самит на земјите членки на ЕУ за да изберат две од клучните позиции во Брисел влева оптимизам дека лицата назначени во новите функции, со целосната поддшка на 28 земји членки, силно ќе се ангажираат за интеграција на земјите од западен Балкан во Брисел. Во пресрет на изборот и на Комесарот за проширување на Европската Унија, нашите граѓани очекуваат новото раководство на Брисел да го постави нашиот регион како приоритет и да ги зголеми напорите да помогне во надминување на билатералните прашања за да Европа стане една и обединета, се вели во честитката што ја упати лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Во неа се додава дека Самитот во Берлин во организација на Канцеларката Меркел е одличен пример за да се следи европската посветеност кон промовирање на демократските вредности, градење на одржлив мир, стабилност, економски развој и интеграција на регионот во ЕУ.
– Изразувајќи ја нашата длабока почит и најискрените желби за успех за вашите нови задачи, ве молам дозволете ми да ја повторам силната посветеност на мојот народ за приближување кон Евроатлантски структури, и да ве уверам дека кај ДУИ ќе најдете партнер за унапредување на демократијата, еднаквоста, меѓуетничките односи, владеењето на правото, слободата на изразување и воопшто сите европски стандарди, се додава во честитката од ДУИ.