Емигрантите од Мјанмар во Тајланд би се вратиле дома, доколку во нивната татковина има повеќе демократија и работа

Од:

Над 90 проценти од државјаните на Мјанмар кои легално и илегално престојуваат и работат во Тајланд би се вратиле во татковината, но не веднаш, туку по три до четири години.

Од над 120.000 државјани на Мјанмар, кои пребегале во Тајланд за време на 40-годишната воена диктатура во поранешна Бурма, само една петтина веруваат дека состојбата во нивната татковина е подобрена по првите избори оддржани во 2.010, па затоа нивното враќање не го поврзуваат со лична одлука, туку од ситуацијата во Мјанмар.

Малкумина од мјанмарските емигранти сметаат дека во нивната матична држава има барем минимум демократија, а уште помалку веруваат дека, кога би се вратиле сега би нашле работа.

Истражувањето за можното враќање на емигрантите од Мјанмар го направил институтот Чианг Маи од Бангкок, а го финансирале неколку меѓународни организации. Во истражувањето беа опфатени и помлади лица со потекло од Мјанмар, кои учат и студираат во Тајланд. Од нив само 10 посто би се вратиле во татковината пред да го завршат школувањето, но и тие би останале во Тајланд ако најдат соодветна добра работа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа