Германското контраразузнавање стравува од атентати на исламистите вратени од Ирак и Сирија

Од:

Германската Федерална служба за заштита на Уставот (контраразузнавање) стравува од атентати на територијата на Германија, што можат да бидат извршени од вратените исламисти од Сирија и од Ирак, за радио „Дојчландфунк“ изјави шефот на оваа институција, цитиран од ИТАР-ТАСС.

Шефот на германската контраразузнавачка служба Ханс-Георг Маасен посочи дека има нарасната теоретска закана за напади во Германија, пренесоа американските медиуми.

За разлика од Велика Британија, Германија не го зголеми степенот на закана од тероризам заради недостигот на конкретни предупредувачки знаци.

Маасен изјави дека најмалку 400 лица ја напуштиле Германија за да им се приклучат на џихадистичките групи во Сирија и Ирак, а петмина од нив се кренале во воздух во атентатите што ги извеле.

Шефот на германското внатрешно разузнавање дополни дека сака да се подобри соработката со Турција, клучната транзитна земја за Европејците, кои заминуваат за да им се приклучат на радикалните групи.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани