Меркел: ЕУ не ја разгледува можноста за воени испораки за Украина

Од:

Европската унија не ја разгледува можноста за воени испораки за Украина, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел по завршувањето на самитот на ЕУ, пренесе ИТАР-ТАСС.

-Ова прашање не се разгледува на ниво на ЕУ, изјави Меркел.

Претходно дипломатски извор појасни дека какви и да било испораки од воен карактер можат да ги прават само одделни земји и тие немаат однос кон ЕУ како организација.

Истовремено, францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека „испораки на оружје за Украина не би биле корисни и би помогнале во расплатувањето на конфликтот“.

-Кон Русија го испраќаме токму овој сигнал – таа треба да ги прекине испораките на оружје за Украина и да помогне во решавањето на конфликтот, подвлече тој.

Според Оланд, украинскиот претседател, Петро Порошенко, на самитот на ЕУ не побарал воена помош, туку на средбата станало збор само за прашањето на хуманистарната помош.

Би можело да ве интересира

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци