Се бара Асад – жив или мртов

Од:

Сириската слободна армија ветила награда од 25 милиони долари на оној кој ќе го предаде претседателот на Сирија, Башар ал Асад „жив или мртво“.

Агенцијата „Анадолија“ ја цитира изјавата на еден од командантите на бунтовниците Хиџаз Ахмед, кој објасни дека овие средства ќе бидат исплатени од сириските бизнисмени кои работат во и надвор од земјата, како поддршка за слободната армија на Сирија.

Хиџаз додал дека наградата треба да ги поттикне оние кои се во непосредна „близина“ на Асад.

Конфликтот во Сирија помеѓу владиниот режим и неговите противници трае од март 2011-та година.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение